Победнички старт за Фуксе и Веспрем, Бурган без Јасухира

Photo: IHF /Kolektiff /Jozo Cabraja

Победнички старт во групната фаза на Светското клупско првенство што се одржува во Египет имаа екипите на Замалек и Барса од групата „А“, односно Фуксе Берлин и Веспрем од групата „Б“.

Египетскиот Замалек го совлада тимот на Монтада од Мароко со 42-17, додека Барса немаше проблеми на мечот со Пињеирос од Бразил (44-33).

Екипата на Фуксе Берлин, беше подобра од тимот на Бурган од Кувајт кој настапи без Косуке Јасухира (38-18), а Веспрем со 31-23 го совлада составот на Ал Ахли.

Денеска се игра големото дерби во групата „Б“ меѓу Берлин и Веспрем (16:45), од 14:30 часот играат Барса и Замалек, а последни на терен ќе бидат Бурган и Ал Ахли.