Веспрем повторно го „скрши“ Берлин, сега за финале на клупското СП

Photo: IHF/ Kolektiff / Jozo Cabraja

Екипата на Веспрем вторпат за десетина дена играше натпревар со Фуксе Берлин и вторпат излезе како победник од овој дуел. На 19 септември, во рамките на Лигата на шампионите, Веспрем го совлада Берлин како гостин со 36-29, а денеска во Каиро, во меч кој практично решаваше кој тим ќе игра во финалето на Светското клупско првенство, Веспрем победи минимално со 34-33.

Драматично беше во Covered Hall во Каиро. Берлин водеше со 33-32 во 59. минута, но Ахмед Хешам израмни, а потоа Фрајхофер ја погоди пречката. Следеше гол на Ремили за водство од 34-33, по што Емил Нилсен го одбрани последниот шут на Матијас Гидсел и Веспрем запиша победа.

Во другата група, пласман во финалето обезбеди Барса, откако без поголеми тешкотии го совлада Замалек со 39-29, па во големото финале очекуваме дуел меѓу Барса и Веспрем.