Кнор во ПСЖ – трансфер што активира домино-ефект

Photo: IHF/ Kolektiff

Најавуваната трансфер-шпекулација денеска доби официјална потврда. Германскиот репрезентативец Јури Кнор следното лето заминува од екипата на Алборг и ќе игра за францускиот Пари Сен Жермен.

Договорот на Кнор со ПСЖ е до 2030 година, а се очекува овој трансфер да предизвика домино-ефект. Најавено е дека Алборг тргнува по Елијас Скипаготу од Кил или Феликс Клар од Магдебург, а тоа ќе ги разбуди и германските гиганти и дополнително ќе го разгори трансфер-пазарот за следната сезона, во кој веќе се најавени трансфери на неколку играчи од „А“ категорија – Дика Мем, Мартим Кошта, Кико Кошта, Симон Питлик, Тибо Брие...