-
28.9.2026
-
Планета ракомет
Трансферот на Јури Кнор од Алборг во ПСЖ беше актуелен извесен период, а комфорна зона за Алборг беше моментот што трансферот вклучуваше и отштета. Цената што ПСЖ ќе ја плати за да го добие играчот една година пред истекот на неговиот договор не е јавно објавена. Но, изјавата на Мартин Ларсен, тим-менаџерот на Алборг, дека трансферот е најголем во историјата на клубот, доволно јасно говори дека Алборг заработил доволно за да може мирно да пребарува по трансфер-пазарот за нов играч.
Паралелно со тогашните шпекулации дека Јури Кнор заминува, се појавија и две шпекулации што го поврзуваа Алборг со потенцијални замени.
Двете имиња се атрактивни. Станува збор за Елијас Елефсен Скипаготу од Кил и шведскиот ас Феликс Клар од Магдебург. Не се исклучени и други опции.
Тука приказната станува интересна и од агол на Алборг.
Денеска, откако беше официјализирано дека Јури Кнор заминува за ПСЖ, Мартин Ларсен изјави дека Алборг веќе се има договорено со играчот што ќе го замени. Но, не обелодени за кој играч станува збор, туку изјави дека клубот ќе објави наскоро.
Скипаготу, Клар или некој трет?