Photo: FRH
Крај на кариерата како ракометни судии објавија романските судии Ромео Штефан и Богдан Штарк. Овие судии беа дел од неколку историски натпревари на македонски репрезентации и клубови.
Меѓу најпознатите „наши“ дуели што ги суделе се баражот за СП меѓу Македонија и Чешка (34-27) во Скопје во 2016 година, Македонија – Норвешка (31-31) на ЕП 2016, како и натпреварите на Вардар во Лигата на шампионите со Келце во 2015 и Кил во 2021 година.
Извршниот комитет на ЕХФ не зазеде конкретен став околу враќањето на репрезентациите на Русија и Белорусија во системот на натпреварување.
Отворена е можност тие да бидат вклучени во квалификациите за СП, но од ЕХФ подвлекоа дека ќе го задржат правото во понатамошниот процес на одлучување да ги следат меѓународните случувања, односно одлуките на Арбитражниот суд за спорт (CAS), како и да ја проценуваат изводливоста за одигрување на нивните натпревари низ Европа.
Екипата на Нант, противник на Вардар 1961 во групната фаза на Лигата на шампионите, претрпе пораз на домашен терен во француското првенство, прв по четири години.
По големиот триумф на Нант над Монпеље во минатото коло, следеше ладен туш на натпреварот со Тулуз, кој славеше со 30-29.
Екипата на Горење Велење како гостин го совлада тимот на Целје Пивоварна Лашко (29-28) во рамките на петтото коло во првенството на Словенија.
Во овие два тима има по еден македонски ракометар. Димитар Узунчев не беше во составот на Целје, додека Михаил Иваноски беше стрелец на три гола за екипата на Горење.