-
29.9.2026
-
Македонски ракомет
Денеска стартува новото издание на ЕХФ Европската лига (ЕЛ), второто по сила натпреварување на ЕХФ. Македонија аплицираше за две места, но само Еурофарм Пелистер доби покана да учествува како македонски претставник.
Промените што беа воведени системот на натпреварување во Лигата на шампионите имаа влијание и во Европската Лига. Бројот на учесници остана ист, 32 екипи ќе се натпреваруваат и сезонава, но системот на натпреварување е поинаков.
Екипите се поделени во осум групи со по четири екипи што ќе играат меѓусебе дома-гости. Откако ќе заврши групната фаза, прво и второпласираните екипи од секоја група, вкупно 16 ќе продолжат во елиминациската фаза.
Таму ќе им се приклучат и 12 екипи што ќе испаднат по Групната фаза од Лигата на шампионите, односно трето и четвртопласираните во групите од ЛШ.
Овие 28 екипи ќе играат меѓусебе во елиминациско коло. Засега не е наведено дали ќе има носители или некој друг тип на „заштита“ во ждрепката.
На 14-те победници од оваа фаза ќе им се приклучат уште два тима што ќе испаднат од ЛШ. Тоа ќе бидат петтопласираните екипи од групите во Главната фаза на ЛШ.
Потоа ЕХФ Европската лига продолжува со натпревари од 1/8 финале, 1/4 финале и Фајналфор турнир.
Екипата на Еурофарм Пелистер која според Power Ranking на ЕХФ е второрангирана на стартот на ЛШ е во група со екипите на Гумерсбах од Германија, Винжеже Гдањск од Полска и екипата на Логроњо Ла Риоха од Шпанија.
Македонскиот претставник, Еурофарм Пелистер по неколку сезони во Лигата на шампионите, се враќа во Европската лига и својата европска авантура од која има големи очекувања ќе ја почне утре на домашен терен против екипата на Ла Риоха.
Денеска се играат следниве натпревари:
18:45 часот:
Севехоф – Сесвете (ТВ Арена Спорт 3)
Извиѓач – Шамбери (ТВ Арена Спорт 4)
Бузау – Агвас Сантас
Гумерсбах – Вибжеже Гдањск
Карвина – Холстебро
20:45часот:
Бенфика – Торелавега
Елверум – Хамарби
Нексе – Сен Рафаел
Валур – Морс