Гдањск приреди сензација, Пелистер вечерва на сцена (ТВ)

Новата сезона на ЕХФ Европската лига започна со изненадувања, а уште на првиот натпреварувачки ден фаворитите добија јасно предупредување дека патот до елиминациите нема да биде лесен.

Најголемото изненадување доаѓа од Гумерзбах и го тангира и македонскиот претставник Еурофарм Пелистер. Во групата во која игра и македонскиот тим, полскиот Вибжеже Гдањск како гостин го совлада фаворитот ВФЛ Гумерзбах (38-34). Со оваа победа Гдањск активно се вклучи во трката за пласман во елиминациите и ја наруши комфорната зона на фаворитите за првите две места, Гумерзбах и Е. Пелистер. Нивниот триумф го крена влогот за следните натпревари, особено за германскиот клуб, кој сега ќе има многу помал простор за грешка.

Второто изненадување го приреди тимот на Извиѓач од БиХ, кој на домашен терен минимално го совлада францускиот Шамбери (34-33). Ќе ја издвоиме и убедливата победа на исландскиот Валур над Морс од Данска (39-28), во контекст на добриот настап на екипите што сезонава беа промовирани од ЕХФ Куп во Европската лига. Валур и Извиѓач практично демонстрираа дека разликата во квалитет меѓу подобрите екипи од ЕХФ Куп и екипите што играат во Европската лига не е голема.

Денеска ќе биде комплетирано првото коло, во кое во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Ла Риоха. Таа средба ќе се игра во Битола со почеток од 20:45 часот.

РЕЗУЛТАТИ 1 КОЛО:
Севехоф – Сесвете 34-27
Извиѓач – Шамбери 34-33
Бузау – Агвас Сантас 30-30
Гумерсбах – Вибжеже Гдањск 34-38
Карвина – Холстебро 23-33
Бенфика – Торелавега 21-34
Елверум – Хамарби 37-28
Нексе – Сен Рафаел 33-26
Валур – Морс

ДЕНЕСКА ИГРААТ:
18:45
Фленсбург – Гранољерс (ТВ Арена М1 Спорт)
Кадетен – ЦСМ Букурешт
Татабања – Слован
20:45
Бидасоа Ирун – Хафнарфјордур
Еурофарм Пелистер – Ла Риоха (ТВ Арена М1 Спорт, ТВ Арена Спорт 1)
Лимож – Маритимо
Прешов – Бергишер




ТВ ДЕНЕСКА:
БУНДЕСЛИГА

19:00 Магдебург – Кил (ТВ Арена Спорт 1)