-
03.10.2026
-
Македонски ракомет
РК АЛКАЛОИД – ГРК ТИКВЕШ 31-30 (18-15)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Силвана Карбеска и Марија Илиева. Делегат: Васил Зипески
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Николовски, Тордарсон 3, Никола Костески 5, Стојковиќ 1, М. Митев 5, Ѓорѓиев, Велковски, Николов 3, Цехте 2, Ненад Костески 1, Петковски, Борзаш 4, Аларов 4, Ѓорговски, Борозан 3
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 4 мин.
ГРК ТИКВЕШ: Велков, Бакев, Јовевски 2, Цејовиќ, Цековски 3, Тодоров, Гавидија 4, Димовски 1, Димковски 3, Лазов 4, Ѓорѓиев, Симиќ, Ончев 4, Солeв, Бен Махфуд 7, Габара 2
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 4 мин.
РК Алкалоид остана со максимален ефект и по петтото првенствено коло, но до петтата победа не стигна така лесно како што можеше да се очекува според текот на натпреварот.
ГРК Тиквеш долго беше во подредена улога, но во последните 10 минути успеа да ја искористи опуштеноста на домашниот состав, да се врати од негатива и да внесе вистинска драма во завршницата. Сепак, Алкалоид остана присебен во најважните моменти и стигна до победа од 31-30.
Домашниот состав подобро го отвори натпреварот и поведе со 3-1, а потоа и со 6-3. Тиквеш, сепак, не дозволи рано да биде решен мечот и со серија на голови израмни на 7-7.
Алкалоид брзо одговори, повторно се одвои на плус три (10-7) и до крајот на полувремето го контролираше резултатот. На одмор се замина со 18-15.
Слична беше сликата и на почетокот на второто полувреме. Алкалоид повторно ја зголеми предноста и во 32. минута имаше 21-16. Во 37. минута беше 25-20, а во 50. минута домашниот тим сѐ уште имаше комотни 28-24.
Но, наместо мирна завршница, следуваше целосно спротивното.
Алкалоид влезе во период на пад во играта, Тиквеш го искористи тоа и почна да ја топи разликата. Со серија од 3-0, која започна во 56. минута, гостите стигнаа до 28-27, а потоа во 58. минута и до израмнување – 30-30.
Следеше тајм-аут на Кирил Лазаров, а по него Костески го постигна голот за 31-30. Во последниот напад Алкалоид одигра цврсто во одбрана и не му дозволи на Тиквеш да стигне до ново израмнување, но опасноста да биде загубен бод од екипа што не е од големата четворка беше присутна до последната секунда и неуспешниот обид на Ончев од далечина да постигне гол за сензација.
Така, Алкалоид ја запиша петтата победа во низа и остана со максимален ефект во првенството.