-
06.10.2026
-
Македонски ракомет
Важен ден, важен натпревар е денеска пред македонскиот тим Еурофарм Пелистер. Попладнево од 18:45 часот, битолчани ќе го играат вториот меч од Европската лига, прв на гостински терен. Противникот е Вибжеже Гдањск.
Полскиот тим на хартија беше еден од аутсајдерите во групата, а по звучност и историја – најголемиот аутсајдер.
Така е на хартија, а тоа што за себе требаше да го кажат полските ракометари, го кажаа на терен и тоа кај првиот фаворит – Гумерсбах. По историската победа над германскиот тим, заедно со лесниот триумф на Ла Риоха во Битола, првичните предвидувања ја загубија целата вредност, а целиот хиерархиски систем во групата „Г“ беше ресетиран.
Сезоната е на почетокот, но многу брзо зазема правец што не му оди во прилог на македонскиот тим. Победите на Гдањск и Ла Риоха во првото коло денеска мора да бидат поништени од Е. Пелистер и Гумерсбах, во спротивно ќе се искомплицираат работите, па и елиминацијата како можно сценарио ќе влезе во игра.
Натпреварот меѓу Гдањск и Еурофарм Пелистер ќе се игра во терминот од 18:45 часот, а ќе биде пренесуван на Арена Македонија и на српскиот канал Арена Спорт 5.
ЕХФ ЕВРОПСКА ЛИГА – денеска, 6 октомври
18:45 часот
Гдањск – Еурофарм Пелистер (ТВ Арена М1 Премиум)
Хамарби – Нексе
Словaн – Валур
Кадетен Шафхаузен – Извиѓач
ЧСМ Букурешт – Шамбери
Бергишер – Севехоф
Сесвете – Татран Прешов
Морс-Ти – Татабања
20:45 часот
Логроњо Ла Риоха – Гумерсбах
Санкт Рафаел – Елверум
Маритимо – Бидасоа Ирун
Хафнарфјордур – Лимож
Холстебро – Бенфика
Агуаш Санташ – Фленсбург
Торелавега – Карвина
Гранољерс – Бузау
ТАБЕЛИ
Група „А“ – 1. Елверум (2), 2. Нексе (2), 3. Санкт Рафаел (0), 4. Хамарби (0)
Група „Б“ – 1. Бидасоа Ирун (2), 2. Лимож (2), 3. Маритимо (0), 4. Хафнарфјордур (0)
Група „Ц“ – 1. Кадетен (2), 2. Извиѓач (2), 3. Шамбери (0), 4. ЧСМ Букурешт (0)
Група „Д“ – 1. Севехоф (2), 2. Бергишер (2), 3. Татран Прешов (0), 4. Сесвете (0)
Група „Е“ – 1. Фленсбург (2), 2. Бузау (1), 3. Агуаш Санташ (1), 4. Гранољерс (0)
Група „Ф“ – 1. Холстебро (2), 2. Торелавега (2), 3. Бенфика (0), 4. Карвина (0)
Група „Г“ – 1. Ла Риоха (2), 2. Гдањск (2), 3. Гумерсбах (0), 4. Еурофарм Пелистер (0)
Група „Х“ – 1. Валур (2), 2. Слован (2), 3. Татабања (0), 4. Морс-Ти (0).