ТВ пренос: Раул против Веспрем, Келце со Магдебург!

Првиот круг од Лигата на шампионите ќе биде комплетиран со натпреварите од третото коло, што ќе се играат денеска и утре, а ќе го видиме на дело, и тоа на домашен терен, и македонскиот првак Вардар 1961.

ТВ пренос на Арена Спорт Македонија ќе има од еден натпревар. Мечот меѓу Партизан и Веспрем. Мноштво познати ликови, некои од нив и со македонска нота, ќе видиме попладнево на теренот во салата „Александар Николиќ“, попозната под нејзиното оригинално име – Пионир.

Поранешниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Раул Гонзалез, е еден од нив, а ќе го предводи тимот во кој е и ексиграчот на Вардар и Е. Пелистер, Илија Абутовиќ.

Во тимот на новиот светски клупски шампион, пак, денеска нема да го видиме Лука Циндриќ, но ќе игра Стефан Додиќ, ракометар кој својата кариера од детски денови ја градеше во Македонија, пред сѐ во Металург, а потоа и во Охрид и Вардар. Во екипата на Веспрем, со години наназад на позицијата физиотерапевт е Македонецот Димитар Маневски.

Дербито на денот ќе се игра во „Легионово“ во Келце, каде што истоимениот домашен состав ќе се сретне со актуелниот германски првак Магдебург.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Денес, 7 октомври:
18:45 часот
Партизан – Веспрем (ТВ Арена М Премиум)
Криенс-Луцерн – Колштад
Кристијанштад – ГОГ

20:45 часот
ПСЖ – Целје
Келце – Магдебург

ТАБЕЛИ ПО 2. КОЛО

Група „А“ - 1. Веспрем (4 бода), 2. Фуксе Берлин (2), 3. Порто (2), 4. Партизан (0)

Група „Б“ - 1. Нант (4 бода), 2. Мелсунген (2), 3. Висла Плоцк (2), 4. Вардар 1961(0)

Група „Ц“ - 1. Алборг (3 бода), 2. ПСЖ (3), 3. Загреб (2), 4. Целје (0)

Група „Д“ - 1. Спортинг (4 бода), 2. Сегед (2), 3. ГОГ (2), 4. Кристијанштад (0)

Група „Е“ - 1. Барса (4 бода), 2. Монпеље (2), 3. Динамо Букурешт (1), 4. Архус (1)

Група „Ф“ - 1. Магдебург (4 бода), 2. Келце (4), 3. Криенс-Луцерн (0), 4. Колстад (0)