Седум секунди го чинеа Прилеп 100.000 денари

Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија го казни РК Прилеп со парична казна од 100.000 денари затоа што натпреварот со РК Струга не бил целосно снимен. Недостасувале последните седум секунди од натпреварот, а тоа, според членот 21 од Дисциплинскиот правилник, предвидува парична казна од 100.000 денари.