Нилсен го затвори голот, Веспрем го растури Партизан

Екипата на Веспрем испрати уште една моќна порака кон Келн. Овој пат од белградски „Пионир“, каде што со 37-26 го победи Партизан. Натпреварот беше едностран, Веспрем по неполни 10 минути игра ја покажа на дело разликата во квалитет, а предничеше феноменалниот дански голман Емил Нилсен, кој по првите 10 минути имаше седум интервенции, а натпреварот го заврши со 23 одбрани.

По три порази во три одиграни натпревари, имајќи предвид и дека два од нив се на домашен терен, екипата на Партизан можеме да ја прогласиме за првата екипа што ќе испадне од Лигата на шампионите и ќе се пресели во ЕХФ Европската лига.

Гостинска победа запиша и ГОГ над шведскиот Кристијанштад, додека својата прва победа во Лигата на шампионите ја оствари екипата на Криенс-Луцерн, над норвешкиот Колстад (34-32).

ЛИГА НА ШАМПИОНИ
Партизан – Веспрем 26-37 (12-17)
Криенс/Луцерн – Колстад 34-32 (19-16)
Кристијанштад – ГОГ 25-32 (14-17)

20:45 часот
ПСЖ – Целје
Келце – Магдебург

ТАБЕЛИ ПО 2. КОЛО:
Група „А“ - 1. Веспрем (6 бода), 2. Фуксе Берлин (2), 3. Порто (2), 4. Партизан (0)

Група „Б“ - 1. Нант (4 бода), 2. Мелсунген (2), 3. Висла Плоцк (2), 4. Вардар 1961(0)

Група „Ц“ - 1. Алборг (3 бода), 2. ПСЖ (3), 3. Загреб (2), 4. Целје (0)

Група „Д“ - 1. Спортинг (4 бода), 2. ГОГ (4), 3. Сегед (2), 4. Кристијанштад (0)

Група „Е“ - 1. Барса (4 бода), 2. Монпеље (2), 3. Динамо Букурешт (1), 4. Архус (1)

Група „Ф“ - 1. Магдебург (4 бода), 2. Келце (4), 3. Криенс-Луцерн (2), 4. Колстад (0)