Вардар пред најважниот испит: Висла мора да падне во Скопје!

Третото коло од Лигата на шампионите ќе биде комплетирано денеска, а на терен вечерва ќе го видиме и македонскиот првак Вардар 1961, кој игра многу важен натпревар, можеби и најважниот за неговата иднина во ЛШ, откако загуби на првите два натпревари.

Вардар 1961 вечерва не смее да загуби бод на дуелот со полскиот вицепрвак Висла Плоцк. Во Скопје доаѓа силен тим, предводен од квалитетен тренер, но оваа екипа знаела да покаже слабости кога игра на гостински терен, пред полни трибини, а тоа го имаме видено во Битола.
Сега е на ред да го искусат скопскиот пекол и сигурно нема да им биде лесно, затоа што заинтересираноста за овој натпревар е огромна и Вардар 1961 од трибините ќе има ветер во грбот.

Црвено-црните во натпреварот ќе влезат со залетот што го фатија на дербито со ГРК Охрид, каде што комплетно доминираа и ја одиграа својата најдобра партија сезонава.

Тренерот Иван Чупиќ и на овој натпревар нема да може да смета на суспендираниот Урош Митровиќ, а во екипата и натаму го нема голманот Милан Бомаштар. Но, сега во екипата се Милан Лазаревски и Педро Силва.

Натпреварот ќе биде директно пренесуван на ТВ Арена М1 Премиум.

Денешни натпревари – 8 октомври
18:45 часот
Загреб – Алборг (ТВ Арена Спорт 1)
Фуксе Берлин – Порто (ТВ Арена Спорт 5 Премиум)

20:45 часот
Мелсунген – Нант
Вардар – Висла Плоцк (ТВ Арена М1 Премиум, ТВ Арена Спорт 5 Премиум)
Барсa – Динамо Букурешт
Архус – Монпеље

Резултати од 7 октомври:
Партизан – Веспрем 26:37
ПСЖ – Целје 46:35
Кристијанштад – ГОГ 32:37
Криенс-Луцерн – Колстад 34:32
Келце – Магдебург 30:35

Табели 3. коло:
Група „А“: 1. Веспрем (6), 2. Берлин (2), 3. Порто (2), 4. Партизан (0)
Група „Б“: 1. Нант (4), 2. Мелсунген (2), 3. Висла Плоцк (2), 4. Вардар (0)
Група „Ц“: 1. ПСЖ (5), 2. Алборг (3), 3. Загреб (2), 4. Цеље (0)
Група „Д“: 1. Спортинг (4), 2. ГОГ (4), 3. ПИК Сегед (2), 4. Кристијанштад (0)
Група „Е“: 1. Барса (4), 2. Монпелје (2), 3. Динамо Букурешт (1), 4. Архус (1)
Група „Ф“: 1. Магдебург (6), 2. Келце (4), 3. Лицерн (2), 4. Колстад (0)