Нора Мерк се судри со судија и заработи скршеница, неизвесна за ЕП!

Photo: IHF/ Kolektiff

Женската репрезентација на Норвешка, противник на Македонија на претстојното ЕП во декември, по Вероника Кристијансен е на пат да загуби уште една голема ѕвезда за настап на првенството.

Нора Морк, веројатно најпознатата норвешка ракометарка ќе биде надвор од теренот во следните неколку недели и нејзиниот настап на ЕП е доведен во прашање.
Морк (35) се повреди на средбата против Хорсенс во средата, а прегледите покажаа дека има скршеница на левиот зглоб. Ова го објави Тим Есбјерг на својата веб-страница.

„Прегледите покажаа дека се работи за мала скршеница на зглобот. Поради тоа, таа нема да биде на располагање во наредниот период. Нејзината состојба и опоравувањето внимателно се следат од страна на медицинскиот тим“, соопшти Тим Есбјерг.

До повредата дојде на речиси неверојатен начин откако Морк се судри со еден од судиите во момент кога сакаше да направи замена.