ГОГ му го скрати договорот на Оли Митун, но се заштити од трансфер!

Photo: IHF / Kolektiff

Данскиот тим ГОГ и еден од најголемите ракометни таленти во моментов, Фареецот Оли Митун (21), направија нов, изменет договор со важност до 2028 година. Првичниот договор на Митун и ГОГ беше до 2029 година и сега е скратен за една година, но...

Во новиот договор, освен што се подобрени условите, избришана е и откупната клаузула која постоеше во досегашниот договор.

За плејмејкерот на Фарските Острови беа заинтересирани повеќе европски екипи, пред сѐ Магдебург, па ГОГ со овој потег се заштити од можноста за предвремен трансфер. Данскиот клуб, сепак, оваа заштита ќе ја „плати“ со една сезона помалку од првично договореното.