Монпеље ги „врза“ Порт и Срна!

Photo: IHF/ Kolektiff

Двократниот европски првак од Франција, Монпеље, објави дека ја продолжил соработката со двајца клучни ракометари.
Познатата француска ѕвезда Валентан Порт уште еднаш демонстрираше дека не е птица преселница. Во неговото резиме постојат само два професионални клуба – Тулуз (2008–2016) и Монпеље. Некогашниот капитен на „експертите“ потпиша нов договор до 2029 година, кога ќе комплетира 13 сезони во клубот.

Второто продолжување е од превентивен карактер и за ракометар кого многу европски клубови би сакале да го видат во своите редови. Станува збор за хрватскиот бек Звонимир Срна, кој дојде во Монпеље минатата сезона со тригодишен договор. Но, тој ќе остане во Монпеље најмалку до 2031 година.