Македонија напредува кај мажите, назадува кај жените на ЕХФ-рангирањето

Македонија напредуваше едно место во машката и назадуваше четири места во женска конкуренција во четиригодишното рангирање на младинските репрезентации. Ранкингот се прави врз основа на постигнатите резултати во четиригодишен циклус, со тоа што за првите две години се пресметува 50 насто од коефициентот, а за поновите две години целосниот.

Европската ракометна федерација денеска ги објави ранг листите на репрезентациите во младинсите категории за период од четири години. Според овие ранг листи ќе бидат формирани листите на носители во ждрепките за следните квалификации за ЕХФ Еуро.
Македонија има напредок од едно место од последната ранг листа и сега е на 16 место во машка конкуренција. Ова не носи никакви измени во позицијата пред ждрепката за квалификациите што следно ќе ги игра кадетската репрезентација. Само Топ 8 репрезентации одат директно на ЕП, другите ќе играат квалификации.

Во женска конкуренција бележиме пад од четири места. Бевме на 19 место во следниот циклус ќе бидеме на 23 место. И ова нема да донесе битни промени кога ќе бидат одредувани носителите.

На врвот на ранг листата нема промени. Данска, Германија и Шпанија се три најуспени репрезентации, а квалификации за ЕП У18 нема да играат ниту следните пет држави: Шведска, Унгарија, Португалија, Словенија и Исланд.
Во женска конкуренција, Топ 3 нации се Данска, Шпанија и Франција.