Кулеш го покоси Стојковиќ, татко му влета на теренот

Сериозен инцидент беше избегнат на натпреварот меѓу екипите на Лавови и Партизан во српската Аркус лига. Натпреварот резултатски одамна беше решен (22-36 во тој момент), а во 54. минута Белорусинот Владислав Кулеш постигна гол, но притоа со полна сила налета на младинскиот репрезентативец на Србија, Александар Стојковиќ. Тој буквално беше покосен и остана да лежи на теренот. Прекинот траеше десетина минути, а на Стојковиќ му беше укажувана помош на лице место.

Александар Стојковиќ е син на еден од легендарните српски ракометари, Растко Стојковиќ, кој беше на трибините. Тој влета на теренот и се обиде да се пресмета со Белорусинот, но (едвај) беше спречен од ракометарите на Партизан.