Сите чекаат Кил да избере, Мелсунген станува скандинавец, Пеливан повторно аут...

Полските медиуми објавија тажна вест за смртта на тренерот кој беше творец на ерата на Монтекс Љублин, своевремено многу силен полски тим кој играше во Лигата на шампионите, меѓу другите и против Кометал Ѓорче Петров.
Анджеј Дружковски починал на 77-годишна возраст во Норвешка, каде што ја заврши кариерата и се посвети на едукација на млади спортисти.
Дружковски беше тренер на Монтекс Љублин од 1994 до 2003 година. По финансискиот крах на клубот, во Полска досега не се појавил женски тим доволно силен за да ги повтори резултатите и да ја достигне славата на Монтекс Љублин.

Најатрактивниот клуб што сигурно ќе бара бек за следното лето е германскиот Кил. Заминува Скипаготу, а тој трансфер не може да остане неодговорен. 
Директорот на Кил, Виктор Шилаги демантираше дека црно-белиот тим од северот на Германија како наследник на Елијас Елефсен а Скипаготу го планира плејмејкерот на Мелсунген, Ерик Баленсијага.
„Вчера ме прашувавте за Лиф Тисие, денеска за Ерик Баленсијага. Ве уверувам дека ниту еден играч нема потпишано за Кил, освен тие што ги имаме објавено“, изјави Шилаги за германските медиуми.

Противникот на Вардар во ЛШ, екипата на Мелсунген е во период во кој се спремаат заголеми промени. Заминува Роберто Гарсија Парондо, а клубот објави дека и асистентот Исаја Гвардиола си оди на крајот на сезоната. Враќањето на Јоханес Гола во Фленсбург станува прашање на ден, за Ерик Баленсијага отворено се шпекулира дека ќе оди во Кил, а договорот му истекува и на Даинис Криштопанс.
Но, новиот шведски менаџер на Мелсунген не изгледа вознемирено и се чини дека подготвува скандинавизација на тимот. Како што изјавил во подкаст, на неговиот радар се тројца негови сонародници: Аксел Мансон, играч на Скјерн, кого добро го паметиме од дуелите со Вардар додека играше за Кристијанштад, потоа голманот Марко Рогановиќ и пивотот на Алингсос, Арвид Андреасон.


Најпознатиот турски ракометар во моментов, Дорук Пеливан, повторно ќе биде долго отсутен од терените. Бекот на Вецлар има скинат преден синдезмозен лигамент и ќе биде надвор од терените најмалку 12 недели.