Четири гола предност не беа доволни: Ѓ. Петров е елиминиран од Европа

Екипата на ЖРК Ѓорче Петров е елиминирана од ЕХФ Европската лига, откако не успеа да ја одбрани предноста од четири гола на гостински терен кај чешката екипа Бањик Мост. Домашниот состав успешно ја анулираше разликата од првиот натпревар, Ѓ. Петров беше поразен со десет гола разлика на реваншот (17-27), па во следната рунда ќе игра чешкиот тим.

Клучен период на натпреварот беше втората половина од првото полувреме, кога домашниот тим од резултат 8-7 со серија од 8-2 стигна до предност од 16-9, актуелна на полувреме.

Во вториот дел, македонскиот тим само во еден период успеа да намали на минус шест (12-18, 13-19), но тоа беше и резултатскиот максимум на македонската екипа на оваа средба.

Ризоска и Губериниќ со по четири гола беа најефикасни во македонскиот состав. Голманката на домашната екипа, Роксане Франк, беше централната фигура на натпреварот со 17 интервенции и ефект повисок од 50 проценти од одбранетите удари.