-
12.10.2026
-
Планета ракомет
Фото: Wenflou / Wikimedia Commons
Еден од попознатите германски клубови, Рајн-Некар Левен, имаше лош старт на сезоната и не успеа да ги исполни очекувањата на клупската управа и навивачите, кои се надеваа на враќање на патеките на успехот по кои клубот чекореше во минатите години.
РНЛ има седум бода од осум натпревари и се наоѓа на 11. место на табелата, а тој пласман, особено последниот пораз на домашен терен од Ајзенах, вклучи аларм во клубот, па беше донесена одлука за промена на тренерската позиција.
Маик Мачула, познатиот стратег, веќе е сменет, а клубот одлуката ја оправда со лошите резултати. Во продолжението на сезоната тимот ќе го води нивниот поранешен ракометар од шампионските денови, Михел Абт.