Тешка повреда на Јанкуловска, го пропушта ЕП

Лоша вест за женскиот национален тим пред настапот на ЕП 2026 пристигна од Словачка. Нашата репрезентативка Ангела Јанкуловска се здобила со сериозна повредата на коленото на домашниот реванш против италијанскиот тим Салерно во ЕХФ Европскиот куп.

Операција била неопходна за санирање на повредата. Била извршена реконструкција на лигаментот што ја стабилизира чашката на коленото, а очекуваниот период на рехабилитација е од седум до девет месеци. Словачкиот клуб ја потврди информацијата, објави мотивирачки пораки до Јанкуловска и вети поддршка во тешкиот период на рехабилитација и враќање на теренот што е пред неа.

Сезоната за Јанкуловска е практично завршена и таа нема да може да настапи на Европското првенство што во декември ќе се одржи во пет држави. Македонија ќе игра во Романија и ќе биде во група со домашниот тим, Норвешка и репрезентацијата на Швајцарија