-
17.10.2026
-
Македонски ракомет
Марко Митев одигра одличен натпревар против Ферлах и допрва од него ќе очекуваме да ја крева формата и да го води тимот напред.
Алкалоид одигра солидно, а во финишот потсети на некои од своите најдобри партии. Победата од девет гола е сосема заслужена, но се надеваме дека ќе биде и вовед во далеку посигурни натпревари, како во ЕХФ Купот така и на домашната сцена.
Вечерва во Автокоманда, Алкалоид го скрши мразот и многу помирно ќе патува во Австрија следниот викенд.
„Прво, сакам да им честитам на играчите на Ферлах. Ова беше тежок меч, посебно во првиот дел, кога ривалот имаше добра одбрана. Во нападот исто така имаше доста трчање и од нивна страна. Го скршивме мечот пред крајот на вториот дел. Пресудно беше тоа што бевме концентрирани до крајот, тогаш кога најмногу требаше, во последните десет минути. Никој не го загуби фокусот и концентрацијата и тоа беше клучот за убедливиот триумф.
Но, ни следи уште еден натпревар следната седмица и мора да се подготвиме исто толку добро како што бевме подготвени денеска. Сите треба да бидеме максимално ангажирани за да победиме и таму. Одиме во Австрија со мирни глави, како резултатот да е 0:0, и се надевам дека ќе го повториме овој натпревар и на гостински терен“, изјави Марко Митев.