ЕХФ КУП: Бутел испушти победа, но има надеж за реваншот

Фото: РК Бутел Скопје

Седум минути го делеа тимот на Бутел Скопје од првата победа сезонава, на мечот што го играше во Хрватска во рамките на второто коло од ЕХФ Европскиот куп.
Бутелчани имаа водство од 22-21 во 53. минута од натпреварот со Горица, а иако влегоа во лош финален период, заостануваа само еден гол во 58. минута.
Но и во последните две минути им затреперија рацете и примија уште два гола, по што Горица обезбеди победа од 27-24 и во Скопје следниот викенд ќе брани три гола предност.

Не е тоа голема ниту недостижна разлика, но момците на Столе Стоилов ќе мора да се надминат и да имаат совршена вечер за да го продолжат натпреварувањето во ЕХФ Европскиот куп.

Денеска ќе бидат комплетирани првите натпревари од второто коло, со исклучок на двојните дуели што ќе се играат следниот викенд, а меѓу нив е и двобојот меѓу ГРК Охрид и Спор Тото, чии два натпревара ќе се играат во „Билјанини извори“.

Алкалоид вчера ја запиша првата значајна победа на македонска екипа во Европа сезонава, откако со 31-22 го совлада австрискиот Келаг Ферлах.

Од позначајните резултати во ЕХФ Европскиот куп што се одиграа вчера ќе ги издвоиме победите на АЕК над Анортозис (37-21), Бешикташ над Фајверс (38-31) и Тримо Требње над Динамо Панчево (39-27).

Изненадување приреди Макаби со победа од 32-31 против Војводина во Нови Сад. Ловќен демонстрираше како се игра против екипа од Луксембург и го победи Берхем со 40-30, а добро се претстави и полскиот Остров Вјелкополски, кој го совлада турскиот Истанбул со 43-27. Атрактивен меч со многу голови одиграа Мотор Запорожје и Словењ Градец, а средбата заврши нерешено (41-41).

РЕЗУЛТАТИ
Алкалоид (Мкд) – Ферлах (Авс) 31-22 (16-11)
Горица (Хрв) – Бутел Скопје (Мкд) 27-24 (13-12)
БК-46 (Фин) – Мистра (Ест) 28-22 (16-10)
АЕК (Грч) – Анортозис Фамагуста (Кип) 37-21 (16-15)
Бешикташ (Тур) – Аон Фајверс (Авс) 38-31 (20-14)
Дукла Прага (Чеш) – Нербо (Нор) 33-28 (16-13)
Војводина (Срб) – Макаби (Изр) 31-32 (17-16)
Берхем (Лук) – Ловќен (ЦГ) 30-40 (16-20)
Драма (Грч) – Бистрица (Слч) 31-30 (16-15)
Мотор (Укр) – С. Градец (Сло) 41-41 (23-18)
Олимпијакос (Грч) – Калиш (Пол) 30-24 (15-14)
Остров (Пол) – Истанбул (Тур) 43-27 (20-14)
ХИФК (Фин) – Фади Винтертур (Швај) 32-42 (17-22)
Х71 (Фар) – Трогир (Хрв) 34-27 (18-16)
Тенакс Добеле (Лет) – Дубочица (Срб) 32-41 (17-17)
Требње (Слo) – Панчево (Срб) 39-27 (22-9)
Кастриоти (Кос) – Сасари (Ита) 28-37 (15-21)