Мелсунген во Николас Турна ја гледа замената за Гола

На повидок е нов голем трансфер на познати ракометари меѓу топ-клубови од Лигата на шампионите. За можното заминување, поточно враќање на германскиот репрезентативец Јоханес Гола од Мелсунген во Фленсбург, веќе се објавени бројни информации и шпекулации, вклучително и за високата отштета. Последните шпекулации наведуваат дека трансферот има реални шанси да биде реализиран.

Имено, Мелсунген наводно бара замена за Јоханес Гола на пивотската позиција, а потрагата го одвела во Франција, во екипата на Нант.

Францускиот репрезентативец Николас Турна наводно е цел на Мелсунген. Но, тој има договор со Нант до 2030 година, па германскиот клуб, доколку сака да го доведе, ќе мора да почне преговори со францускиот тим за условите и евентуалната отштета за трансферот.