Седум одбрани за Томовски, и натаму е втор во Бундеслигата

Мартин Томовски имаше седум интервенции на натпреварот што неговиот тим Битенхајм го загуби на домашен терен од Хамбург (30-35). Првпат по пет натпревари во низа Томовски нема двоцифрен број на одбрани, а тоа, меѓу другото, се должи и на фактот дека и другиот голман, Јан Хрдличка, бранеше половина полувреме.

Томовски останува на второто место на топ-листата на голмани во Бундеслигата, но сега разликата со водечкиот Давид Шпет од РНЛ се зголеми и изнесува 15 одбрани. Шпет имаше одлична вечер на натпреварот со Кил, на кој запиша 15 интервенции.

Сепак, Томовски и натаму има 20 одбрани повеќе од третопласираниот голман на листата, Андреас Волф од Кил, а има и натпревар помалку од најголемата германска голманска ѕвезда.