Kадетките ги почнаа подготовките за Регионалната лига У16

Женската кадетска репрезентација на Македонија ги почна подготовките за настапот во Регионалната лига У16, во рамки на актуелната ЕХФ недела.
Кадетките го одржаа првиот собир и тренинг во спортската сала „Расадник“, а подготовките ќе продолжат во текот на неделата.
Во петок, 23 октомври, македонската репрезентација ќе отпатува за Верија, Грција, каде што ја очекуваат два натпревари во Регионалната лига У16. Прв ривал ќе биде селекцијата на Турција, додека ден подоцна македонските ракометарки ќе се соочат со домаќинот Грција.

Распоред на натпревари:
24 октомври (14:00 часот): Македонија – Турција
25 октомври (12:00 часот): Македонија – Грција

Двата натпревари ќе се одиграат во Верија, а за македонските кадетки ќе претставуваат можност за стекнување меѓународно искуство и продолжување на репрезентативниот развој.