-
20.10.2026
-
Планета ракомет
Photo: Max Petershans (CC BY-SA 4.0)
Летонскиот ракометар Даинис Криштопанс, дел од златната генерација на Вардар од 2019 година, ќе го напушти МТ Мелсунген на крајот на сезоната. Германскиот клуб официјално потврди дека договорот со искусниот десен бек, кој истекува во јуни, нема да биде продолжен.
Мелсунген веќе го договори и неговиот наследник. Станува збор за шведскиот бек Ерик Персон (28), кој моментално настапува за Гепинген, а во новиот клуб ќе пристигне на лето.
Криштопанс е еден од најпрепознатливите ракометари на денешницата. Со својата импозантна висина, која според официјалните податоци на клубот изнесува 214 сантиметри, Летонецот со години е меѓу највпечатливите појави на ракометните терени.
Во кариерата настапуваше за Татран Прешов, Ал Рајан и Мешков Брест, пред во 2017 година да се пресели во Вардар. Во дресот на „црвено-црните“, под водство на Роберто Гарсија Парондо, ја освои Лигата на шампионите во 2019 година.
Во февруари 2020 година замина во Фуксе Берлин, а потоа настапуваше и за Пари Сен Жермен, пред во 2023 година да му се приклучи на Мелсунген, каде што повторно соработуваше со Парондо.
Во Мелсунген претстои значителна реконструкција на тимот, а заминувањето на Криштопанс е уште една промена во составот. Претходно беше официјализирано и дека Парондо нема да продолжи како тренер на германскиот клуб, туку оди во ПСЖ.