Почина поранешен играч на Е. Пелистер

На 40-годишна возраст почина поранешниот грузиски ракометен репрезентативец Рати Мсквилидзе, кој во кариерата настапуваше и во Македонија, во дресот на Еурофарм Работник.
Мсквилидзе играше на позицијата десен бек, а покрај во Македонија, настапуваше и за клубови од Грузија, Исланд, Србија и Турција. По завршувањето на играчката кариера, остана посветен на ракометот и продолжи да работи како тренер. Причината за неговата прерана смрт засега не е објавена.