Алкалоид ќе го брани пехарот на Ф4 од Куп на Македонија

Алкалоид ќе го брани на македонскиот Фајналфот пехарот од Куп на Македонија освоен минатата година. Финалистот на ЕХФ Европскиот Куп е последниот што обезбеди билет за завршниот турнир, откако во еден ден ги победи екипите на Мулти Есенс (37-12) и Тинекс Пролет (42-20) и го освои првото место во квалификациската група.

На завршниот турнир пласман обезбедија и екипите на ГРК Охрид, Еурофарм Пелистер и Вардар 1961. Завршниот турнир беше предвидено да се игра викендот 24/25 мај, но во тој период Алкалоид ќе игра во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, па се чека од Ракометната федерација на Македонија да биде одреден нов термин за одигрување на Куп на Македонија.

Поврзани вести