АЕК одбра сала за финалето со Алкалоид

Photo: Nikoskoukkos21/Creative Commons CC0 1.0

Откако ЕХФ ја одби ракометната сала ОАКА Маруси како објект во кој АЕК сакаше да го пречека Алкалоид во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, грчкиот клуб требаше да најде нова сала за финалната пресметка.

Изборот на грчкиот тим е „Ано Лосиу“ Олимписката сала, позната и како Сунел Арена. Во оваа сала на Олимписките игри во 2004 се одржуваа натпреварите од боречките вештини, потоа беше адаптирана за повеќе спортови, а во 2021 му беше доделена на кошаркарскиот клуб АЕК на 20 годишно користење.

Капацитетот на салата за кошаркарски натпревари е околу 9.000, за ракомет следствено би била адаптирана за околу 8.000 гледачи.
За тренерот Кирил Лазаров оваа сала нема да биде непознаница, како репрезентативец на Македонија во 2014 настапи на дуелот со Грција на кој Македонија во „Ано Лосиу“ победи (27-25), а потоа и се пласираше на СП 2015 во Катар.
Во зависност од бројот на гледачи ќе зависи и притисокот од трибините, но сеедно, во оваа сала ќе биде полесно да се игра отколку во ОАКА.

Натпреварот во Грција ќе се игра на 18 мај со почеток од 18:00 часот. 

Поврзани вести