Душебаеви ќе си одат од Келце

Photo: ORLEN Superliga / Industria Kielce

Следната сезона, ќе биде последната за Алекс Душебаев и Даниел Душебаев во екипата на Келце. Оваа информација ја објави Талант Душебаев, професионално нивниот тренер во клубот, приватно - нивниот татко. 

„ Велат дека успехот има многу татковци, а неуспехот е сираче“, рече Талант Душебаев во интервју за ТВ Полска (TVP). „Со години слушаме дека Алекс и Даниел играат во клубот само затоа што сум им татко. Луѓето многу добро знаат да погодат таму каде што најмногу боли. Никој не го гледа фактот дека Даниел играше на многу позиции и даде многу за тимот, а Алекс имаше проблеми со повреди што се рефлектираа на неговата форма. Двајцата беа многу критикувани. Одлучивме дека во 2026 двајцата ќе ги прекинат договорите со клубот и ќе бараат нови екипи“, изјави Душебаев.

Полските медиуми, веќе ги објавија и имињата на двајцата ракометари што треба да ги заменат Душебаеви во клувот. Тоа се хрватскиот бек Лука Кларица и францускиот левак Жилиен Бос. 

 

Поврзани вести