Photo: IHF/Kolektiff
Мундијалите, кадетски или јуниорски се лансирна рампа за новите генерации на ракометари, за дел од играчи за кои ќе слушаме уште многу во годините што доаѓаат. Во мундијалската 2007 во Македонија кариерите ги стартуваа ѕвезди како Павел Атман, Иван Чупиќ, Уве Гензајмер, во 2016 во Алжир, каде што играше Македонија ги видовме на сцена Дика Мем, Мелвин Ричардсон, Јоханес Гола, а во 2019 во Скопје дебитираа Симон Питлик, Мартим Кошта, Салвадор, Јулијан Костер, Хаукур Трастарсон.
Кои се ѕведите на СП У21 што моментално се игра во Полска, каде што одново учествува и Македонија?
Тројцата ракометари кои најмногу импресионираа на стартот на СП, се од групата во која игра и Македонија.
Оли Митун, централниот бек на Фарски острови со статус на ѕвезда дојде на СП и ја оправда по само два натпревари на кои постигна вкупно 26 гола или во просек 13 по натпревар.
Уште еден централен бек,
Елмар Ерлингсон импресиниораше со 17-те погодоци против Фарски и го сврте вниманието кон себе. Тој е играч на Нордхорн, втора Бундеслига.
И третиот ракометар е по позиција централен бек. Тоа е
Даниел Станциуч од Романија. Тој е играч на Динамо Букурешт и ќе го гледаме во ЛШ следната сезона.
Даниел Станциуч е првата ѕвезда на романската репрезентација
Данска на овој мундијал го промовира
Матијас Педерсен, ракометар од позицијата лево крило кој настапува за екипата на Нордсјеланд.
Португалија не го донесе
Франциско Кошта кој веројатно ќе беше меѓу најдобрите, но тој е веќе етаблиран како сениор и своето место го остави на други ракометари. Тие го имаат
Диого Рема на голот, играч што беше доведен да учи и да го замени Никола Митревски своевремено. Го имаат и левиот бек
Габриел Кавалканти, звучно име покрај неговиот постар брат Александре.
Во отсуство на Кико Кошта, најголемите ѕвезди на ова СП доаѓаат од редовите на Шпанија. Тоа се тројцата ракометари на Барса,
Јан Баруфет и браќата
Петар Цикуша и
Ѓорѓе Цикуша. За нив дополнителни коментари не се потребни.
Ваков список не може да мине без Германци, а тука имаме десен бек кој доаѓа од Кил, а тоа е
Хенри Пабс. Корпулетниот пивот на Дормаген,
Јан Шмит (200см, 108кг) е засега најдобриот нивни стрелец, а првата ѕвезда треба да е централениот бек на Гепинген –
Елијас Њувел.
Вака изгледа првиот список на играчи на кои би требало да обрнете внимание. Веруваме дека во текот на првенството ќе блеснат уште многу имиња кои сега не се спомнати, сепак, ги имаме Хрватска, Србија, Норвешка, Шведска...