Прва победа на македонските јуниори на СП

Photo: IHF/Kolektiff

МЕКСИКО – МАКЕДОНИЈА 21-41 (9-21)
Лопез 6, Ривас 5 – Галевски (20 одб), Субашевски 12, Д. Узунчев 9, Белистојаноски 7


Репрезентацијата на Македонија ја запиша својата прва победа на Светското првенство за ракометари до 21 година што се одржува во Полска.
На својот петти натпревар, противник на македонскиот тим беше Мексико, репрезентација која не е од рангот на Македонија за што сведочи и конечниот резултат од 20 гола разлика (41-21).

Македонија на овој меч поведе со 5-2, 8-4, 10-5, 14-18 и потоа направи уште една серија за на полувреме резултатот да биде 21-9.
Сличен развој на настаните и во второто полувреме, Мексико се држеше до минус 15 (16-31), а потоа Македонија со серија од 7-0, стигна со 38-16 и без проблеми ја одржа разликата за групната фаза од Президент куп да ја заврши на третото место, зад репрезентациите на Исланд и Мароко кои исто така играа денеска, а победи Исланд со 20 гола разлика (48-28).

Поврзани вести