Мартиновиќ и Ремили на трансфер рингишпилот

Photo: IHF/Kolektiff

Има уште цели два месеца до стартот на сезоната 2025/26, а ракометниот трансфер маркет веќе го тресат најавите и шпекулациите за играчките ротации и за сезоната потоа.

Најавеното заминување на браќата Душебаеви од Келце е топ темата, затоа што таму се отвора место за Жилиен Бос и Лука Кларица, а некако во десните бекови стануваат многу актуелни во приказната. Не се само Алекс и Бос на трансфер рингишпилот, туку и Иван Мартиновиќ од РНЛ и Недим Ремили од Веспрем.
Мартиновиќ би си одел од РНЛ и тоа е многу извесно затоа што РНЛ објави дека веќе нашол замена во Данецот Јакоб Ласен кој игра за Хановер. Мартиновиќ наводно ќе оди во Веспрем, а од таму заминува Недим Ремили кој треба да се врати во Франција, во редовите на ПСЖ.

Поврзани вести