​Не помогнаа ниту Цикуша ниту Баруфет

Photo: IHF/Kolektiff

Јуниорската репрезентација на Шпанија на мундијалот во Полска дојде со само еден пораз на генерацијата и освоени златни медали од претходните СП и ЕХФ Еуро.
И во Полска важеа за најголеми фаворити. Како и не би, кога во составот ги имаат браќата Петар и Ѓорѓе Цикуша и Јан Баруфет, трио што следната сезона ќе игра ЛШ во Барса.
Но, не било како што е речено.
Египет им го нанесе првиот пораз на СП, а потоа во драматичен натпревар на кој постојано губеа, Германците со сомнителна судиска одлука и повторен седмерец им откинаа бод и Шпанија нема да биде во Топ 8.„Скандинавците го скроија ракометот како одело по нивна мерка“, изјави Лино Червар во неодамнешно интервју, а тоа ќе го видиме и во продолжението на овој мундијал затоа што од осум репрезентации што останаа да се борат за златото, четири се скандинавски екипи.

26.6.2025
1/4 ФИНАЛЕ
18:30 Данска – Норвешка
21:00 Ф. Острови – Словенија
18:30 Португалија – Египет
21:00 Шведска – Германија

ПЛАСМАН 25-28 МЕСТО
16:15 Македонија – Бразил
18:30 САД - Бахреин

Поврзани вести