Томовски потпиша за Битигхајм

Фото: РФМ

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски останува во Германија и во следните две години. Томовски ќе биде новиот голман на екипата на Битинхајм, клуб што сезонава, заедно со неговиот досегашен клуб Потсдам испаднаа од Бундеслигата и ќе играат во второто по ранг натпреварување во Германија.

Тренер на Битинхајм е легендарниот шпански ракометар Икер Ромеро, а Томовски изјави дека откако разговарал со него, одлуката да потпише за оваа екипа била лесна.

Поврзани вести