Кил ги мерка Душебаеви

Photo: IHF/Kolektiff

Екипата на Кил наводно е заинтересирана, а можеби веќе и почнала преговори со двоецот од Келце, Талант Душебаев и Алекс Душебаев. Оваа информација е актуелна извесен период и ја истисна претходната шпекулација дека Кил ќе се обиде да го ангажира Николај Јакобсен, селекторот на Данска, кој патем е и нивни бивши играч.
Триото Душебаеви од Келце, ги освои насловите откако објавија дека Алекс и Даниел заминуваат од клубот следното лето. Не беше далеку од таков епилог и Талант кој сепак, има уште две години договор.

Но, резултатите на Келце на домашната сцена каде што во последните две сезони доминира Висла Плоцк би можеле да бидат катализатор не само за заминување на ракометарите, туку и на тренерот.
Слично е во Кил каде што „зебрите“ две години по ред се без Лигата на шампиони, а тоа конвертирано во пари е најмалку два милиони евра што се слизнале низ прстите.
Уште на крајот на сезоната се предвидуваше крај на соработката со Филип Јиха и можно доаѓање на Николај Јакобсен, но сега целата приказна добива уште еден интересен пресврт.

 

Поврзани вести