Фото: РФМ
МАКЕДОНИЈА – ЛИТВАНИЈА 39-38 (20-19)
Македонија: Гошевска (1одб), Хасаноска (9 одб), Дамјановска 1, А. Трпеска 4, С. Трепска, Тодоровска 3, Кралева 5, Лашкоска 6, Максимовска, Миленкоска 9, Беровиќ 2, Котевска 9, Блажеска, Конеска, Наумоска
Јуниорската репрезентација на Македонија заврши на претпоследното место на ЕХФ Еуро У19 што се одржува во Црна Гора.
Македонскиот тим во битката за избегнување на последното место, по втор пат се сретна со врсничките од Литванија, а по 29-29 на првиот меч, денеска ја запиша првата победа, 39-38 и шампионатот нема да го заврши на последното место.