Алкалоид ќе го крене пехарот од ЕХФ Куп во Автокоманда

Фото: РК Алкалоид/ Филип Вирановски

Европската ракометна федерација денеска го верификуваше и терминот за реванш натпреварот од квалификациската рунда за влез во групната фаза на ЕХФ Европската лига меѓу екипите на Алкалоид и Хановер-Бургдорф.

Откако Германците решија својот меч да го организираат во помалата сала на 31 август (17:00ч), Алкалоид го закажа реванш натпреварот на 6 септември во Скопје, а ќе се игра во салата „Автокоманда“. Почетокот на натпреварот е од 19:30 часот.

РК Алкалоид победничкиот пехар од ЕХФ Европскиот Куп освоен во минатата сезона ќе го добие на својот прв домашен меч во новата европска сезона, односно на 6 септември во Автокоманда.

Поврзани вести