Партизан доведе десетти нов играч

Photо: GC Amicitia Zurich

Јубилејното десетто засилување за екипата на Партизан сезонава е ракометар кој во сезоната 2017/18 играше за македонскиот Металург.
Јануш Лапајне, словенечкиот лев бек или плејмејкер доаѓа во белград од екипата на Амичитија Цирих од Швајцарија, клуб каде што игра и македонскиот интернационалец Мартин Поповски. Овој клуб има свои финансиски проблеми поради кои ракометарите почнуваат да си заминуваат. Прв беше голманот Вјачеслав Салдаценка кој се пресели во Нови Сад, а сега и Лапајне се чини на пат кон Србија, во екипата на Партизан.

Поврзани вести