Photo: SEHA
По 14 години верност, два пехара во ЛШ, осум во домашното првенство, девет во националниот куп и пет СЕХА трофеи од екипата на Вардар заминува најголемата клупска легенда – Стојанче Стоилов
Спортскиот портал Sportsport.mk прв ја објави информацијата и ја разреши мистеријата околу статусот на најголемата вардарова легенда.
Бесчувствителноста на актуелното раководство на Вардар која премина во непочитување во моментот кога беше прескокнат во изборот на прв тренер, улога за која долго време наназад се подготвуваше беше нешто преку што не се преминува.
Згора на тоа уште и беше ангажиран тренер кој исто така нема искуство. Но, како што изјави првиот човек на клубот Михајло Михајловски, неговиот став, но не само неговиот туку и на неговите најблиски соработници е дека во моментов не е подготвен да го води првиот тим.
За оваа група луѓе, Иван Чупиќ во моментов е подобра опција за тренер од Стоилов.
Вардар си го кажа своето, дури изгледаат и како и да не се ни свесни што кажаа и што направија. Сега своето си го кажа и Стоилов. Имајќи предвид дека во ракометната јавност дека одамна се одбројуваше до моментот кога Стојанче Стоилов ќе го преземе кормилото, ваквиот пресврт му дава полно право да го крене сидрото и да не се врти назад.