Photo: TSV Hannover - Burgdorf (cropped image)
Актуелниот европски првак Магдебург го преслуша Хановер-Бургдорф, противникот на Алкалоид во квалификациите за ЕХФ Европската лига на пријателски натпревар во предсезоната одигран во рамки на прославата на 40 годишнината на екипа што се вика ХГ 85 Котен, од родното место на тренерот на Хановер, Кристијан Прокоп.
Магдебург победи 30-21 (15-11) иако настапи без тројца многу важни играчи: Феликс Клар, Албин Лагергрин и Омар Инги Магнусон. Хановер од друга страна го имаше Рејнарс Ушчинс без учинок на овој меч.
Магдебург поведе со 12-4, а уште тогаш Прокоп искористи два тајм аута. Потоа беше игра мачка и глушец за конечно Магдебург да победи убедливо. Тоа, сепак, не ги депримираше премногу во тимот на Хановер од каде велат дека резултатот не убав, но се на добар пат, иако имаат уште многу работа. Генерално се задоволни затоа што играле многу брзо во нападот, но за нивна жал не ги искористиле добро укажаните шанси. ,