Одбројано му е на Јиха: Уште едно име за кормилото на Кил

Photo © Max Petershans / CC BY-SA 4.0 (via Wikimedia Commons) crop by no credit, CC BY-SA 4.0

Двете сезони во кои Кил не успеа да се пласира во Лигата на шампионите водат кон момент актуелниот тренер и спортскиот директор на клубот, а тоа се во моментов Филип Јиха и Виктор Шилаги да застанат на тенок лед.
Сезоната уште не беше завршена кога во јавност се појави првата шпекулација, а таа е дека Николај Јакобсен, суперуспешниот селектор на Данска и поранешен играч на Кил е потенцијален кандидат за клупата на зебрите.
Таа шпекулација уште не заживеа, а веќе се појави втората – Талант Душебаев и Алекс Душебаев во пакет да дојдат во „Вундерино арена“.

Сега е актуелна трета, според „Билд“ комбинација со најмногу шанси да се оствари. Гудјон Валур Сигурдсон, исландскиот тренер и исто така поранешен играч на Кил е новото име кое ја бранува водата. Тој врши одлична работа во Гумерзбах, во пакет со Криштоф Шиндлер спортскиот директор на клубот да дојдат во Кил следното лето. Сигурдсон има договор до 2027 година, па за него ќе треба да се плати и отштета. Патем од Гумерзбах би пристинал и левиот бек Јулијан Костер, германски репрезентативец кој беше во ол стар тимот на кадетскиот мундијал во Македонија 2019.

Ваквиот развој, без оглед дали некоја од овие комбинации ќе се реалзира или не, сериозно наведува дека тренерската авантура на Филип Јиха ќе заврши следното лето.
Но, тој има цела сезона пред него да ги предомисли сите доколку Кил успее да се „крене“.

Поврзани вести