Photo: Dace Eihvalde/Latvian Handball Federation/cropped image
Летонската ракометна федерација не го обнови договорот со српскиот тренер Давор Чутура. По три години минати на кормилото, помладиот од браќата Чутура заминува во Катар и ќе биде тренер на екипата на Ал Рајан. Комбинирана соработка не беше изводлива, па Летонската федерација објави дека наскоро ќе го објави името на новиот селектор.
Грузискиот бек Георги Чковербадѕе стана вишок во екипата на ВФЛ Гумерзбах откако во тимот дојдоа холандскиот ас Кај Смитс и португалскиот ракометар Жоао Гомеш. Клубот и грузиската ѕвезда се разделија со спогодбен раскин на договорот.
Литванскиот ракометар Јонас Тручановичиус и покрај тоа што имаше доста често проблеми со повреди, доби договор на уште една сезона со бундеслигашката екипа ТВБ Штутгарт.
Кил ја почна малерозно новата сезона. Откако на подготовките се повреди Ерик Јохансон и не настапи на контролниот меч со Слован, нов немир меѓу зебрите внесе Емил Мадсен. Данскиот бек се повреди на дуелот со Слован (33-32) и ќе мора да оди на снимање со магнет за да се утврди за каква повреда станува збор.
Довчерашниот тренер на Е. Пелисер, Раул Алонсо во последен момент доби засилување од Египет за својот нов клуб, Лајпциг. Бекот Ахмед Каири од екипата на Ал Ахли доаѓа во Германија, откако двата клуба се договорија за неговиот трансфер.
Враќањето на теренот на еден од најдобрите светски голмани, Гонзало Перез де Варгас е планирано за средината на ноември. Варгас се повреди во февруари додека играше за Барса и во својот нов клуб, Кил, допатува во период не рехабилитација.