Алкалоид со победа ја отвори новата сезона

Фото: РК Алкалоид/Филип Вирановски

Екипата на Алкалоид новата сезона ја почна со победа на контролен натпревар што се одигра во Маврово против екипата на Прилеп.
Овој меч се играше 3х25 минути, а заврши со победа од 43-30 за скопскиот состав. Двајцата тренери во 75-те минути имаа можност да ги пуштат во игра сите расположливи ракометари, разбирливо за прв натпревар очекувањата не беа големи, а акцентот беше на тоа да се види како и низ игра функционира тоа што е работено досега и како се вклопуваат новите ракометари, а такви има и во двата состави.

Со овој меч, Алкалоид ги комплетираше подготовките во Маврово и од денеска одново е во Скопје, каде што ќе остане една недела по што, следниот петок заминува надвор од Македонија и ќе игра контролни натпревари со екипи од Србија, Хрватска и Словенија.

Поврзани вести