Кадети играа пред 22.000 гледачи!

Photo: IHF/Kolektiff

Нов рекорд беше соборен на У19 Светското првенство што се одржува во Каиро, Египет. На 1/4 финалниот натпревар меѓу Египет и Шпанија, на трибините во Каиро Стадиум Хол имаше, официјално - 22.150 гледачи!
Ова е рекордна бројка на натпревар од кадетски ранг, но тоа не им помогна на домашните ракометари кои беа поразени од Шпанија (29-31).

Сѐ изгледаше добро за Египет до 50 минута во која поведе со 25-22. Во последните 10 минути односно до крајот на мечот со пет постигнати гола од кои и решавачките последни три, доминираше ракометарот Маркос и Фис ја одведе Шпанија до не многу мирна завршница во која успеаја да се одбранат.

Маркос Фис кој е син на легедарниот кубански (шпански) ракометар Хулио Фис (Кил, Сиудад Реал, БМ Ваљадолид) на оваа средба постигна 13 гола од 16 обиди.





 

Поврзани вести