Алкалоид убедлив против Дубочица

Фото: РК Алкалоид

Екипата на Алкалоид ја почна последната фаза од подготовките за претстојната сезона. Во последната фаза, Алкалоид ќе игра контролни натпревари со екипи од Србија, Хрватска и Словенија.
Актуелниот победник на ЕХФ Куп за прв противник ја имаше екипата на Дубочица од Србија на меч што се играше во три третини. Алкалоид запиша победа од 49-32, а тренерот Кирил Лазаров шанса им даде на сите расположливи ракометари.
Следниот противник на Алкалоид во подготовките ќе биде екипата на Сесвете.
Првиот, пак, официјален меч, Алкалоид ќе го игра на 31 август, на гостински терен кај бундеслигашката екипа Хановер-Бургдорф.

Поврзани вести