Херем пак на тренинзи, Нилсен донесе пехар за Барса...

Фото: mkdhandball

Емил Нилсен си е Емил Нилсен. Барса го совлада Берлин во финалето на Премиум Куп турнир што се одржа во Германија. Барса славеше 34-33 на пенали откако мечот заврши без победник 27-27. Јунак на каталонците е голманот Емил Нилсен, трагичар на лисиците е Тим Фрајхофер.

Херем е направена од поинаков материјал. Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Норвежанката Камила Херем се врати на тренинзи, иако пред нецели два месеца и беше дијагностициран рак на градите и сѐ уште е под хемотерапии. Вели дека тренинзите му одговараат на нејзиното тело.

Блазе си им на сите што ќе одат. Ракометните турнири на Олимписките игри во 2028 ќе се одржат во „Long Beach Arena“ во Лос Анџелес. Арената има капацитет за 13.500 гледачи, а лоцирана е на брегот на Пацификот, 30 километри од центарот на ЛА.

Бундеслигата е скандинавска. Бундеслигата е позната како дестинација за најдобрите ракометари од целиот свет. Сезонава најмногу странци има од Данска (27), Шведска (19), Норвешка (14), Хрватска (13), Исланд (12), Швајцарија (11), Холандија (8), Австрија (7), Србија (7), Чешка (6), Словенија (6), Унгарија (6)... Франција (1).
Македонци во првата Бундеслига – нема.

Поврзани вести