Бојана Поповиќ на клупата на Данска

Foto: Rukometni Savez Crne Gore/ rscg.me

Репрезентацијата на Данска добива балканско засилување од први септември, објавија данските медиуми. Прославената црногорска ракометарка, Бојана Поповиќ ќе биде асистентот на селекторот Хеле Томсен.
Данците ја ангажираат Бојана Поповиќ со нескриена идеја од неа да учат балкански навики.

„Кога играме против екипи од балканските земји, гледаме како тие се борат за секоја топка. Се борат за знамето на градите. Никој не се сомнева што можат тие да направат кога играат така“, изјави Томсен.

Данска не е непознаница за Бојана, таа додека беше активна ракометарка настапуваше и освојуваше шампионски пехари за екипата на Слагелсе, клуб што имаше неколку играчи од овие простори. Слагелсе се одликуваше со борбеност и покажа отпорност на тогашната атмосфера низ балканските сали. Подоцна истото го правеше и во екипата на Виборг.
Бојана Поповиќ беше една од ракометарките која им ја донесе таа борбеност и отпорност и сега Данците го сакаат тоа и во репрезентацијата. 

Поврзани вести